Ставрески: Преземавме мерки против фирмите кои наплаќаа деактивација на фискалните каси

Bez autora
Jan 12 2015

Компаниите на кои фирмите производителите на фискални апарати ќе им побараат дополнително да платат за одјавување на фискалните каси треба да ја информираат Управата за јавни приходи. Ова денеска го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој рече дека со директорот на УЈП, презеле мерки и на фирмите производители на фискалните апарати им укажале дека тоа не смее да се случува, бидејќи нема никакви реални трошоци за одјавување на апаратите, дека тоа ја нарушува пазарната конкуренција и оти од сега натаму тоа не би смеело да се случува. На производителите на фискалните апарати им порачувам да конкурираат во една пазарна економија само со цената и со квалитетот. Не смеат да ги уценуваат фирмите, ниту пак да им бараат дополнителни трошоци за одјавување доколку сакаат да се префрлат од еден на друг производител. Мора да бидат ставени на пазарот кој се базира на квалитетот на фискалниот апарат и на цената, рече Ставрески одговарајќи на новинарско прашање по доделувањето на клучевите од станот на добитникот на наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“.

Ставрески: Преземавме мерки против фирмите кои наплаќаа деактивација на фискалните касиКомпаниите на кои фирмите производителите на фискални апарати ќе им побараат дополнително да платат за одјавување на фискалните каси треба да ја информираат Управата за јавни приходи.

Ова денеска го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој рече дека со директорот на УЈП, презеле мерки и на фирмите производители на фискалните апарати им укажале дека тоа не смее да се случува, бидејќи нема никакви реални трошоци за одјавување на апаратите, дека тоа ја нарушува пазарната конкуренција и оти од сега натаму тоа не би смеело да се случува.

- На производителите на фискалните апарати им порачувам да конкурираат во една пазарна економија само со цената и со квалитетот. Не смеат да ги уценуваат фирмите, ниту пак да им бараат дополнителни трошоци за одјавување доколку сакаат да се префрлат од еден на друг производител. Мора да бидат ставени на пазарот кој се базира на квалитетот на фискалниот апарат и на цената, рече Ставрески одговарајќи на новинарско прашање по доделувањето на клучевите од станот на добитникот на наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik